Како работи, инсталација и користење

Проверувај претставува екстензија за Google Chrome пребарувачот која на автоматизиран начин ги пронаоѓа авторите, датумите и изворите на вестите на најпосетените македонски веб портали.

Како да ја преземете екстензијата

Има повеќе начини како да ја преземете екстензијата.

Преку менито со избор на Екстензија->преземи


Преку копчето ПРЕЗЕМИ на почетната страница и на страницата Екстензија


Преку копчето СИМНИ на почетната страница

Како да ја инсталирате

По избор на некој од начините за преземање на екстензијата, ви се отвора нова страница од Google Store од каде може истата да ја инсталирате само со избор на копчето Add to Chrome


Потоа пребарувачот ќе ве праша дали сте сигурни дека сакате да ја инсталирате екстензијата, со назнака дека може да ја гледа содржината на некои од страниците. Со повторно избирање на Add extension, екстензијата ќе се инсталира на вашиот Google Chrome прелистувач.


Ќе добиете информација дека екстензијата е успешно инсталирана.

Како работи?

При отворањето на некоја вест од веб порталите за вести кои се поддржани од Проверувај, иконата на екстензијата ја менува бојата во црвена, жолта или зелена, во зависност од препознаените елементи во таа вест. Зелената боја е за препознаени сите потребни елементи кои би требало да ги содржи една точна вест, жолтата за задоволителен број и црвената за незадоволителен број препознаени елементи.
Со клик на иконата на Проверувај се отвора прозорец со информации за елементите на тековната веб страница.
Иконата останува сива на веб порталите кои не се поддржани од Проверувај.

Ранкинг на македонските медиуми

Медиуми што се поддржани од проверувај.мк

Име Аlexa Similarweb Allyoucanread proveruvaj.mk
sitel.com.mk 10 37 4
press24.mk 11 44 3
skopjeinfo.mk 14
sdk.mk 15 15
kurir.mk 26 19 5
plusinfo.mk 31 21 25
infomax.mk 32 39 29
a1on.mk 33 46 10
republika.mk 35 28 9
alsat-m.tv 38
signal.mk 39
fokus.mk 41 40 26
kanal5.com.mk 50 33 28
vecer.mk 35 8
mkd.mk 41 24
libertas.mk 50 27
vesti.mk 11
sky.mk 12
makfax.com.mk 13
vesti24.mk 14
news24.mk 16
netpress.com.mk 18

Ранкигот е преземен од некои од најголемите светски компании за мерење на интернет сообраќај и тоа alexa.com, similarweb.com и аllyoucanread.com.

Откривањето на елементи од веб страниците претстсавува автоматизиран процес и истиот е во развојна фаза. За било какви забелешки и сугестии ве молиме да не контактирате на contact@proveruvaj.mk.

Пишете ни доколку сакате и вашиот мадиум да стане дел од проверувај.мк.

Бидејќи се работи за компјутерска програма, проверувај.мк не гарантира за точноста и веродостојноста на пронајдените информации. Доколку забележите било какви проблеми или грешки помогнете ни да го направиме проверувај.мк подобар и контактирајте не.

Финансирано од Европската унија
Оваа интернет станица е изготвена и одржувана со финансиска поддршка од Европската унија. Проверувај е целосно одговорен за нејзината содржина и истата не ги одразува ставовите на Европската унија.