Што е проверувај?

Проверувај.мк претставува проект чија цел е да ја подигне свеста за потенцијалните ризици за читателите на онлајн вести. Во склоп на истиот е развиена екстензија за Google Chrome пребарувачот чија задача е автоматско откривање на странични информации поврзани со веста кои би можеле да ни помогнат да оцениме дали една вест е точна или лажна.

Симни

Автор

Ако го знаеме авторот можеме лесно да провериме дали е популарен, дали има објавувано за познати, доверливи извори на вести или пак за некои непознати. Можеме да ги провериме и неговите објавени статии, искуството во одредена област, достигнувања, награди, да побараме интервјуа или статии за самиот автор на познати веб страници со цел да ја потврдиме неговата веродостојност, да ја провериме неговата биографија на социјаните мрежи и сл..

Дата

Датумот на една вест ни кажува кога таа била објавена. Ако ја немаме таа информација, може да дојде до забуна и некоја стара вест да ја сметаме за нова. Освен тоа, ако забележиме дека објавата е постара ќе имаме предвид дека настаните можеби не се ажурирани и не се релевантни за тековните настани. Ако пак видиме уреден или променет датум, тоа може да биде показател дека веста е лажна.

Извор

Кога за една вест е наведен изворот, може полесно да се провери нејзината веродостојност. Доколку се работи за веб страница која не е позната, едноставно со клик на „За нас“ може да добиеме информации за целта на страницата, историјата и кој стои зад неа. Кога го знаеме изворот, може полесно да откриеме дали тој извор претходно објавувал лажни вести, а доколку тоа се случило, голема е веројатноста да се повтори. Исто така, со проверување на наведените извори може да откриеме дали информацијата е изменета или е точно пренесена.

проверувај.мк

Како би требало да изгледаат и што би требало да содржат новинарските написи

ШОКАНТНО: Познатите против лажните вести

Измислувањето и ширењето на лажни вести и нецелосни информации претставува глобален проблем. Јавните и познати личности од целиот свет се секојдневна мета на измислувачите на приказни и се едни од најзасегнатите од ширењето на дезинформации. Еве што имаа тие да кажат на оваа тема:

George Washington

„Не верувај во сè што ќе прочиташ на интернет само затоа што има слика со цитат до неа.“— Џорџ Вашингтон, фотограф

Martin Luther King

„Мразам кога луѓето ме цитираат на интернет и тврдат дека сум кажал работи што никогаш не сум ги кажал.“— Мартин Лутер Кинг, актер

Abraham Lincoln

„На интернет никој не знае дека всушност не го цитираш Мартин Лутер Кинг.“— Абрахам Линколн, инфлуенсер

Albert Einstein

„Мојот најголем страв е дека ќе се пишуваат лажни цитати во мое име и милиони луѓе на интернет ќе веруваат дека навистина се мои.“— Алберт Ајнштајн, Ф1 возач

Genghis Khan

„Интернетот е одличен извор на информации, сите се точни, особено оние на Фејсбук.“ — Џингис Хан, ТВ водител

Oprah Winfrey

„Проблемот со цитатите на интернет е што често се неверодостојни.“ — Опра Винфри, нобеловец за хемија